Тренерот Делиоски наскоро во нов тим

На реномираниот фудбалски тренер Цвете Делиоски периодов му заврши официјалниот договор кој го имаше потпишано со ФК Фламурати. Особено за истакнување е тоа што додека тој беше на чело на фудбалкото кормило овој фудбалски клуб бележеше исклучително позитивни резултати во нивните натпреварувања.

-Голема благодарност од мене како прв тренер на ФК Фламурати, до управниот одбор на чело со претседателот Џевдет Даути и Мазар Даути, како и фудалерите на ФК Фламурати. Спогодбено и сложно се разделуваме. Им посакувам многу успеси во пролетниот дел од првенството, истакнува Делиоски и упатува спортски поздрав до овој клуб.

Притоа тој не наведува што ќе следи понатака и каде ќе се најде повторно како фудбалски тренер, но само најавува дека има понуди и се разгледуваат и како што додава ќе ја одбере најдобрата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close