Тјанмен Маунтајн Роуд – Патот кој води директно до рајот

За патот по име Тјанмен Маунтајн Роуд се вели дека води директно до рајот, а тоа и не е толку чудно ако се знае дека води до планината Тианман Шан (Врата на рајот), која се издигнува на 1.519 метри височина во склоп на спектакуларниот Национален парк во градот Џангџиаџе во северозападниот дел Хунана во Кина.

Иако патот е долг само околу 11 километри, тој е изграден во предизвикувачко и нерамно подрачје.

Патот води до висина од 1.100 метри, а бројот на завои е дури 99, па поради тоа се смета за еден од најопасните на светот.

И како да тоа не е доволно, Кинезите морале да се надминат сами себе, па од едната страна на планината, на висина од дури 1.430 метри да изградат и премин по име „Walk of Faith“.

Овој пат е вистинска туристичка атракција, но воедно е и доста опасен за возачите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close