Охрид додели 1 милион денари помош за градот Драч

Помош во висина од 1 милион денари ќе испрати градот Охрид за санирање на штетите од земјотресот кој го погоди градот Драч, а кој предизвика голема материјална штета и одзеде човечки животи.

Советниците со 20 гласа „за“ ја поддржаа оваа одлука за доделување на оваа финансиска помош по иницијатива на советникот Џемал Мена.

Трагедичните сцени од градот Драч го обиколија светот, а граѓаните на Охрид веднаш уште првиот ден се самоорганизираа и почнаа да собираат помош  за погоденото население на Драч, каде околу 300 000 луѓе спијат надвор од своите домови бидејќи тлото сеуште се тресе.

————————————————————————————————————–

Lifestyle.mk ВИДЕО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close