Трибина од 1 милион евра ќе се гради во Охрид

Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија, наредниов период започнуваат  со реализација на крупен проект,  изградба  на нова спортска  трибина  на стадионот  „Билјанини извори“ во  Охрид. Проектот  е вреден  1.000.000 евра.

Градоначалникот Георгиески на потпишување на одобрението за градба

Градежните активности ќе започнат по правосилноста на одобрението за градба  и избор на изведувач. Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди, ќе биде сместена од спротивната страна на постоечката трибина и ќе има капацитет од 1480 седишта .Во нејзиниот централен дел се предвидени вип седишта, коментаторска кабина и простор за камери. Еден дел од трибината ќе биде наменет за инвалидизирани лица со посебни пристапни патеки.

Во еден дел трибината ќе биде покриена, а согласно проектот предвидени се, просторија за вработени со санитарии, гардероба со санитарии за натпреварувачи, просторија за делегати со тоалет, просторија за судии со санитарии, просторија за допинг контрола  со санитарии,  простории за лекарски прегледи за играчи, судии и за посетители, магацински простории, технички и останати пропратни простории и комуникации.

Проектот е  важен  за спортско заживување на градот и почеток на развој на спортски туризам, а ако се земе во предвид дека по  повеќе години Охрид конечно го доби својот второлигаш тогаш овој објект ќе биде поттик за достигнување на нови спортски победи.

————————————————————————————————————–

Lifestyle.mk ВИДЕО

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close