ГДУ: Охрид стигна на листата на градови со загаден воздух

Изминатиов период и те како е активна темата за загадувањето, па воедно
и нашиот град се појавува на листата на загадени градови. Замислете само
град како Охрид, со сите природни ресурси да се наоѓа на таква листа. За
жал и даровите Божји, со преубавото езеро и големата зелена шумска
површина, и тоа успеавте да го уништите.

Еден од „најзаслужните“ фактори за загадувањето е токму отпадот во
Буково, со кој се менаџира несоодветно и на најпримитивен начин се
справуваат со истиот. Имено како и цело лето така и годините наназад,
речиси секоја недела гледаме облаци од чад кои доаѓаат од истото место.
Јавна тајна е дека пожарот или намерното палење е по наредба на
одговорните лица, а справувањето со истиот проблем се решава на
примитивен начин со потрупување на останатиот отпад. Затоа нормално е
постојано да гори и со тоа да се загадува градот.

Оговорност нема! Решение нема! Но ајде да се потсетиме како ги лажеа
сестринските партии СДСМ и ДПМНЕ нашите сограѓани:

ДПМНЕ кога ја доби последен пат довербата на охриѓани, ветуваа дека ќе
го решат овој проблем со редица солуции, а една од тие им беше новата
регионална депонија. За жал, им паднаа маските и после 4 годишното
владеење само ја дозаглавија општината, која веќе беше заглавена.

Од другата страна пак сегашниве владетели СДСМ кога дојдоа во 2016
година на власт, ветуваа исто така решенија за секој проблем, но и после
3 години сликата е иста.

Каде е софистицираната фабрика за отпад? Од вашите лаги и ветувања
останаа само фалењата!

И за крај од името на ГДУ и нашите сограѓани, ви советуваме да ги
оставите лагите, бидејќи 30 години само тоа го гледаме и слушаме. Нема
решенија, нема проекти, но лажни ветувања има за цел том да се напише.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close