Потребна помош за нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо, да се сплотиме и да помогнеме

Охриѓани повторно започнуваат со акции за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо.

Пред две години тој успеа да се избори со туморот Астроцитома, но за жал болеста се повтори. Итно се потребни средства за операцијата која е закажана за 30.11.2019 година.

Охриѓани повторно најавуваат повеќе акции, со цел да се соберат средства за неговото лекување.

Сите хумани луѓе можат да донираат на трансакционата сметка 500600018999581 или директно во просториите на Црвен крст.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close