Мишел Силјаноски поднесе оставка, нов координатор Ристе Булоски

Советникот Мишел Силјаноски поднесол оставка на местото Координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Охрид.

Информацијата за „Охрид 1“ ја потврдија извори од СДСМ, но и од Локалната самоуправа.

Неофицијално причина за оставката е директна физичка закана упатена кон Мишел Силјаноски , како и неможноста да се обезбеди мнозинство по повеќе точки.

Неофицијално за ков координатор во СДСМ го потдготвуваат советникот Ристе Булоски.

СДСМ ВЕТУВАЛ СЕ И СЕШТО, НЕ УДОВОЛИЛ НИШТО

Коалицијата на СДСМ и партнерите составена е во 2016 година од страна на Томислав Тунтев , кроена е во одредени криминални кругови , благословена е претставници на подземјето и е целосно нефункционална и функционира единствено на принципите на уцени, закани и физички пресметки.

Во 2016 и 2017 година тогашниот претседател на СДСМ Томислав Тунтев ја договараше коалицијата и преговарал за се и сешто, а со советникот Нефи Усеини дури стигнал да потпише и договор со кој предвидел и се обврзал како тогашен претседател на СДСМ Охрид, на Усеини да му даде серија привилегии во општеството, како и десетици рабони места во државна админситрација и јавните претпријатија. Наместо ветеното Усеини доби медиумски напади и негово сатанизирање во јавноста. И поркај тоа што овој договор е јавно објавен, а со својот потпис Тунтев напавил серијал кривични дела , за него сеуште нема постапка и е недопирлив пред законот, додека како последица на договорите кои ги потпишувал Тутнев, сега државата е парализирана и немоќна да дејствува против градбите на Усеини.

ПОВТОРНО НЕИЗВЕСЕН ИЗБОРОТ НА КОМАНДИР

Како што можеше да се види минатиот период СДСМ има проблем да обезбеди мнозинство за да го изгласа предложеното кадровско решение за командир на Полициска станица Охрид, бидејќи коалиционите партнери веќе на три седници не даваат зелено светло за изборот на предложеното лице.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close