(ВИДЕО) Додека чекаме “Мал Шенген” на Балканот, на границите ќе чекаме со часови

Со часови се чека на Српско македонската граница. Граѓаните бесни велат дека губат драгоцено време чекајќи да преминат од една во друга држава.

Додека низ Европа скоро и да не се забележежуваат граничните премини, кај нас граѓаните трпат поради бариерите. Трпат граѓаните, трпи економијата… Но до кога?

Неодамна позитивни сигнали стигнаа по состанокот во Нови Сад на Вучиќ, Рама и Заев. Тие најавија воспоставување на „мал Шенген“ на Балканот. Македонија, Србија и Албанија потпишаа декларација  за регионална соработка и економска интеграција, отстранување на бариерите за бизнис и слободен проток на стоки, луѓе и услуги во трите држави. Очекувањата се до крајот на 2021 година границите на државите да се преминуваат само со лични карти.

Но, до тогаш уште два години граѓаните ќе треба на пат да тргуваат еден ден порано, со цел да имаат време да чекаат по граничните премини.

А токму овие бариери се една од причините што младите од Македонија си ја „бараат среќата“ во западните земји. Во емисијата „Детектор“, Стефан Андоновски – Советникот на опозицискиот лидер Мицкоски, Иван Јованов од Мрежата за спречување на одливот на мозоци и советникот за млади и спорт на премиерот Заев, Ѓорѓи Тасев констатираа дека  „Младите не се иселуваат само поради пари. Дел од причините поради кои  младиот човек се решава да ја напушти Македонија лежат и во целиот амбиент во кој што функционира државата“.

Но, за делење совети сме први, а за активности и решавање на проблемите кои се од голем интерес на граѓаните малку потешко.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close