Пендаровски се правда: Трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни – Губиме висококвалификуван и млад кадар

По изјавата на Претседателот Стево Пендаровски дадена во Нови Сад, која со „брзина на светлина “ се рашири по социјалните мрежи, допис пристигна од кабинетот на Претседателот. Во дописот тие пренесуваат изјава од претседателот:
„Ја разбирам потребата за дадената изјава на Регионалниот младински лидерски форум во Нови Сад да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар. Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат.
Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома.” – Стево Пендаровски.
фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close