Компанијата на семејството Мукоски добила тендер од УХМР од 3 милиони денари

Градежната компанија Атриум, во сопственост на семејството на пратеникот избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој беше исклучен од партијата откако гласаше за уставните измени согласно Преспанскиот договор, неодамна добила тендер и од Управата за хидрометеролошки работи во вкупна вредност од 3 милиони денари или скоро 49 илјади евра, објави Фокус.мк.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Атриум ДОО од Вевчани и УХМР во јули годинава склучиле 3 договори за реновирање и санација на објектите на метеоролошките станици и полигони во рамки една таканаречена поедноставена отворена тендерска постапка.

Имено, предметот на набавката бил поделен на 3 дела, при што едниот се однесува за вршење на градежни работи на објектите на метеоролошките станици во Берово и Виница, вториот за метеоролошките станици во Лазарополе и Пожаране и третиот за станиците во Претор и Охрид.

Текстот во целост на: Фокус.мк

фото: Фокус

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close