Моќна порака од Јане од Обединетите нации: „Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината“

Многу сум среќен што сум денес овде. Јас сум роден со Спинална Мускулна Атрофија, и поради тоа се движам со количка која ја викам Формула, порача 11-годишниот застапник за деца со пореченост од Македонија, Јане Велковски, кој му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обеднитети нации во Њујорк.

Единаесетгодишниот  Јане Велковски, на возрасните им порача дека мора да прават сѐ за детските права, да ги остранат бариерите на најмладите и да стават крај на диксриминацијата. На децата како него пак, тој им порача да бидат истрајни и никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, дека треба да ги рушат бариерите каде и да се појават, и да прават добро за да надоместат за добрината која недостасува.

„Роден сум со спинална мускулна атрофија, и поради тоа наоколу се движам во инвалидска количка, која јас ја нарекувам формула еден. Но, моите родители од мали нозе ме научија дека можам да правам се што прават другите, само на поинаков начин. Како што растев, тоа стана правило, да правам сѐ и да уживам во животот. Одам на училиште и имам многу пријатели. Учам, излегувам, играм, но, мојата најголема пасија е фудбалот. Го засакав фудбалот од кога бев многу мал, и играм фудбал во секој момент кога можам. Ми дава сила, енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се изборам за да ја добијам терапијата, ме поврза со многу славни личности, и ме направи голем борец за еднаквост и спорт.

Но, моите родители од мал ме учеа дека можам да правам се што можат и другите, само на поинаков начин. Како што растев- тоа стана и мое правило- да правам се и да уживам во животот. Одам во училиште и имам многу другари. Учам, шетам, играм, но мојата најголема страст е фудбалот. Јас го засакав фудбалот од мал и играм фудбал секогаш кога можам. Тоа ми дава сила и енергија и ме прави среќен. Фудбалот ми помогна да се борам за да добијам терапија, ме поврза со многу славни личности и ме направи голем борец за еднаквост во спортот. Јас верувам дека сите на светот можат да играат фудбал без разлика како играат. Битно е да се еднакви и да се почитуваат. Јас се сметам за еднаков со сите, така и се однесувам, и така треба сите да се однесуваме, истакна Јане.

Тој додаде дека не е лесно кога си во количка бидејќи има многу пречки на патот.

– Мене не ми смета мојата пречка, туку ми сметаат пречките од околината. Ме нервира кога сум спречен да одам негде ако нема рампа или ако нема превоз за мене и родителите мораат да ме носат. До сега бев мал па родителите ми помагаа и ги отстрануваа пречките за мене. Но сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен. Децата како мене сигурно исто се чувствуваат и би сакал да им порачам- да бидат упорни и никогаш да не се откажуваат од својот сон. Треба да ги рушат бариерите каде што ги има, а да прават добри работи каде што ги нема. А на возрасните сакам да им порачам- треба да направите се за правата на децата, и отстранете ги сите бариери. Да нема дискриминација – порача малиот херој.

Јане зборуваше заедно со други четири деца за време на панел дискусијата насловена „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

фото: ФБ Деница Велковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close