Охридските хотели чекаат дозвола од Министерство за транспорт повеќе од пет години за да направат определени промени

Туристичко – угостителската комора (ТУК) и  Националната Асоцијација за дојдовен туризам (НАИТМ) одржаа прес конференција во Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со фокус на екологија и туризам, нелојалната конкуренција во секторот како и за претстојната македонска туристичка берза. Аерозагадувањето, отпадот, несоодветната туристичка понуда и нелојалната конкуренција влијаат врз развојот на туризмот. Туристичките работници бараат системски мерки од надлежните институции и долгорочна кампања за подигнување на јавната свест за фрлање отпад и поголема ажурност од комуналните претпријатија и општините. Велат дека во зимскиот период и да нема туристи во државата.

– Насекаде околу нас има отпадоци, полни контејнери и ѓубре наместо жарденери со цвеќе. Промовираме планински туризам и доаѓаат странски туристи кои уживаат во убавините на планините, но отпадот кој го има насекаде останува трн во око. Ова е срамно за една држава која сака да се етаблира во регионот како добра туристичка дестинација. Туристите кога ќе ги прашаме за нивните импресии велат дека се задоволни од храната и гостопримството, но велат дека многу е валкано и оти мора да работиме на екологијата, истакна Граматиков.

Аерозагадувањето, според него, остава лош впечаток бидејќи туристите кога доаѓаат во земјава, не знаат за загадувањето, но потоа кога се враќаат во сопствените држави, тоа го пренесуваат и сето тоа негативно се рефлектира на следните тури што треба да дојдат.

– Немаме туристи затоа што немаме адекватна понуда. Во Охрид на пример хотелите се соочуваат со сериозни проблеми и чекаат за дозвола од Министерство за транспорт и врски повеќе од пет години за да можат да направат определени промени или спа центари за да имаме продукт зимско време. Ова е еден од проблемите, нагласи Кузмановски, додавајќи дека има и недоволно инвестиции во зимските туристички центри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close