Затворени девет соби од Дијализа во Струга, болницата се распаѓа

Девет соби во болницата за дијализа во Струга во кои покривот прокиснува се затворени, а пациентите се префрлени во други соби, објави Алсат.

Засега нема абер од неговата реконструкција и покрај тоа што договорот со фирмата изведувач која треба да ги изврши градежните работи бил потпишан уште на 14 октомври оваа година. Рокот кој го има за завршување е 120 дена, но доаѓа зима, а се почести се и врнежите од дожд кои создаваат проблеми. Од болницата не знаат каде е сега застојот. Велат дека  ќе го ограничуваат и престојот на пациенти за рехабилитација само до еден месец, поради актуелната ситуација.

На почетокот на септември кога прокисна болницата, пациентите во кревети беа изнесувани низ болничките ходници.

-Условите се катастрофални. Ништо не се одржува како што треба. Тоа е катастрофа. Треба некој да го направи или чека некој да ги натера одете и правете. Ако не го направат ќе се соочат со поголеми проблеми, велат  пациентите.

Покривот е со површина од 5400 метри квадратни, а досега само парцијално биле преземани одредени зафати. Оваа болница е изградена 1984 година и во неа се лекуваат бубрежно болни пациенти од цела Македонија, но и од соседна Албанија.

Оваа снимка е од пред два месеци. Ситуацитаја наместо да се подобри, се многу полоша.

#prijava #denoncim▪VIDEO/A.Iloska: "Momentalno vo Nefrolosko odelenie vo Struga. Mameto da vi go e** na site ta od Vmro ta od SDSM. Bolni po hodnici da sedat. Vakvi maki site da gledade do eden sto sedite na foteljite. SRAM Da Vi e na site na funkcija. Kaj si ministerce za zdrasvo da otvoris oci sto se desavat po bolnicive i site sto se tupate v gradi na vlast sto se".▪#prijava #denoncimVIDEO / A.Iloska: "Momentalisht në Institutin e Nefrologjisë në Strugë. Nënën ua kajsha krejtve nga Vmro te LSDM. Të sëmurët lëngojnë nëpër korridore. Kështu ju pafsha të gjithëve deri në një, ju që rrini nëpër fotele. TURP të keni të gjithë ju nëpër funksione.Ku je ministruc i shëndetësisë ti hapësh sytë e të shikosh çfarë ndodh nëpër spitale, edhe ju të tjerët që jeni në pushtet".

Posted by VOX Struga on Tuesday, September 10, 2019

Инаку заводот за нефрологија постои повеќе од 30 години и персоналот е со големо искуство во облaста на нефрологија и урологија. Работаат специјалисти од областите: интерна медицина, урологија, радиологија, васкуларни пристапи и физикална терапија. Освен пациенти од Р. Македонија во Заводот за нефрологија – Струга се лекуваат и пациенти од Р. Албанија, Косово и Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close