(ФОТО) Плоден викенд за КК „Чоле“

Тројца претставници од КК Чоле ќе не претставуваат на балканското првенство во карате што ќе се одржува во Словенија. Наши претставници се Емилија, Христијан и Мелани, поточно оние кои на државното првенство во саботата освоија медал.

КК Чоле покажа голем успех и во неделата, кога на државното првенство во Бразилска Џиу – Џица ROOTS Охрид освои 6 златни, 9 сребрени и 10 бронзени медали. Овие медали му овозможија на КК Чоле да се искачи на второто место во генералниот пласман.

„Се гордеам со сите, но најмногу со тие што напорно вежбаа, но не успеја да се закитат со медал. Не е се завршено“, велат од КК Чоле.

https://www.facebook.com/dejan.choleski/posts/2649218691765250

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close