Тинејџер побегнал од дома бидејќи родителите му го одзеле телефонот, по неколку дена пронајден мртов

Кори Браум од Маршалтаун, Ајова во вторникот на 22 јануари избегал од дома бидејќи родителите му го одзеле мобилниот телефон. Неговото тело е пронајдено во неделата на 27 јануари на еден километр оддалеченост од неговата куќа.

Полицијата изјави дека момчето на денот на исчезнувањето имал расправија со родителите, а потоа побегнал од домот. Потрагата по него била отежната поради лошите временски услови и ниските температури.

Во Маршалтаун минатата недела падна 15 сантриметри снег.

Полицијата изјави дека моментално нема докази дали криминална активност е поврзана со неговата смрт, и се чекаат резултатите од аутопсијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close