Земон објави дека е обезбедено мнозинство за една изборна единица

Пратеникот од партијата ПОЕН , Рубин Земон денес изјави дека во Собранието е обезбедено мнозинство за гласање на Закон со кој Македонија ќе стане една изборна единица.

Земон кажа дека тој ќе продолжи со предлагање измени на закони со кои ќе се подига демократијата во Македонија , а измените за една изборна единица се токму во тој правец. Земон кажа дека ќе се разгледаат сите опции и можности, законски да се регулира и предлогот за Локалните избори да се оди со отворени листи за советите на општините.

ВИДЕО:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close