Претседателот на OO СДСМ, Лазе Таневски ги повика охриѓани да присуствуваат на утрешната трибина на СДСМ

Претседателот на СДСМ – Охрид  Лазе Таневски преку прес конференција ги повика охриѓани да присуствуваат на утрешната трибина на СДСМ, која ќе се одржи во  Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, со почеток во 20 часот.

На трибината ќе учествуваат министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, како и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Претседателот Таневски меѓу другото рече:

Posted by СДСМ Охрид on Friday, November 8, 2019

Нашата Татковина, со власта предводена од СДСМ бидете сигурни е НА ПРАВ ПАТ.

Од заробена и изолирана успеавме да  станеме  модерна и европска држава.

Чекор по чекор, макотрпно се боревме и бориме за враќање на кредибилитетот на земјата во секој поглед и на сите нивоа. Во крупен план за нас е подобриот живот на ГРАЃАНИТЕ.

За олку кусо време спроведени се повеќе успешни реформи од кои благодетта и придобивките  ќе се долгорочни  и позитивни за сите.

Треба да се гордееме дека успехот на реформите спроведени од Владата предводена од СДСМ, се признаени од целиот демократски свет. Од сите освем од македонската опозиција предводена од ВМРО ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицковски.

Тие се единствените што се радуваа и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност.

Но, Владата предводена од СДСМ и премиерот Заев нема да потклекне на патот до сигурното членство во НАТО како и без алтернативната наша припадност во големото европско семејство – ЕУ.

Затоа гордо кажуваме: државата е на прав пат!

Не е лесно кога ќе се соочите со пустош и испразнати фондови, скриени долгови и почнати а не завршени проекти и ќе треба се да репрограмирате, да враќате стари долгови за непродуктивни зафати и воедно да се бара шанса за приклучок кон светот.

Полека државата се стабилизира и релаксира. За кусо време постигнавме многу, но со сите сили и сета енергија и во наредниот период како партија ќе се трудиме да не Ве заборавиме Вас граѓаните.

Постигнавме и допрва тој тренд нема да застане: -повисоки плати во сите општествени сектори, градежна офанзива на патишта, зголемена и правилно распределената социјална помош, враќање на парите директно кај граѓаните, повисоките субвенции и инвестиции во земјоделието, бескомпромисна борба против корупцијата.

Низ разни средби и секојдневна комуникација го слушнавме гласот на обичниот човек и заедно го трасиравме овој пат, кој води напред во подобра иднина за сите.

Нема сомнеж дека продолжуваме така, со отворен, искрен и чесен пристап, преку директни средби и разговори со граѓаните, да ги изнаоѓаме решенијата на проблемите и да ги градиме државните и локалните политики. Ние не застануваме, чекаме и другите да ни се придружат во градењето на земјата.

Почитувани сограѓани – охриѓани

Во име на СДСМ Ве повикуваме да ни се приклучите на граѓанската трибина закажана за утре 9 ноември од 20 : 00 часот во големата сала на Центарот за култура во Охрид.

Почитувани сограѓани,

Заедно со нас ќе бидат: министрите Оливер Спасовски и Мила Царовска, како и градоначалникот Константитн Георгиески.

Од прва рака ќе ги слушнете преземањата и погледот кон иднината низ призмата на социјалдемократијата.

Дојдете да слушнете како СДСМ оди НА ПРАВ ПАТ.

Ние веќе тргнавме , нема застанување, рече Таневски на денешниот прес по повод утрешната граѓанска трибина во Охрид.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close