Каевски: Треба повеќе пари за Охридскиот базен, проблем е што градењето навлезе под нивото на водата од езерото

Владата преку Агенцијата за млади и спорт ја намали проекцијата на сумата што треба да се инвестира во изградба и реконструкција на спортски објекти во 2019. Пред еден месец донесена е одлука до крајот на годината да се потрошат 170,7 наместо 210 милиони денари.  Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт, вели дека намалувањето на предвидената сума се должи поради тоа што има доцнење во рокот на делот од изградбата на базенот во Охрид. Станува збор за пропусти во изведувањето на градежните работи,кои ја стопирале изградбата на затворениот пливачки базен кој е капитален објект вреден 5 милиони евра, објави Фактор.мк.

– Изведувачот сега има рок до 31 декември 2020, до кога очекувам да биде завршен. Проблем претставуваа тоа што градењето навлезе под нивото на водата од езерото. За другите проекти нема застој. Мои очекувања се дека базенот во Струга ќе биде готов во 2021, а истата година и првите шест училишни базени. Најбрзо за реализација ќе бидат монтажните лизгалишта, кои ќе бидат подготвени оваа година, вели Каевски.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close