(ВИДЕО) Охриѓани шокирани – 7 кучиња отруени на градскиот плоштад

Предмалку на Градскиот плоштад во Охрид беа отруени седум кучиња, а две се затруени, не се знае дали ќе ги спасат.Предмалку крим техника изврши увид, по што ЈП Охридски Комуналец ги подигна труповите.

Инаку Охрид години мака мачи со кучињата скитници. Наместо проблемот да се реши, бројот на кучиња скитници се зголемува. Граѓаните од една страна се плашат да поминуваат и во централното градско подрачје, но, во никој случај ова што денеска се случи не е решение за проблемот. Град Охрид одамна најавува стационар за кучиња, каде треба да бидат згружени токму скитниците, но и покрај најавите дека е веќе готов и дека се чакаат финалните дозволи од стационарот ништо.

Денешниот крајно нечовечен начин на „решавање“ на проблемот и тоа не денот кога Охрид прославува ги вознемири сите граѓани, а посебно љубителите на животни и граѓаните кои имаат домашни миленици. Тие велат дека се плашат да ги изнесат своите миленици затоа што се плашат од отров кој сега засега не се знае на кои локации го има.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close