Охрид го слави 7 ми ноември – денот на ослободувањето

Охрид денес го одбележува 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на градот. Низа активности и свечености, во чест на Слободен Охрид. Одбележувањето започна со полагање свежо цвеќе  пред спомен обележјата од НОБ. Во исто време во село Рамне се одржува Панихида пред спомен обележјето на Јасна Ристеска, а во спомен паркот на револуцијата ќе се одржи историски час за значењето на 7-ми ноември.

Свечената академија ќе почне во 11 часот во концертната сала на основното музичко училиште „Методи Патче“. Во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на градинката „Јасна Ристеска“.

Во 18.30 часот во концертната сала на ОМУ „Методи Патче“ ќе се одржи Седмоноемвриски концерт на учениците од училиштето.

Инаку Охрид за време на Втората светска војна се наоѓал под бугарска окупација. Партизанските единици го ослободиле градот на 15 октомври 1944 година, но за кратко време, бидејќи под притисок на германските сили тие се повлекле. По борбите меѓу партизаните и германските сили ноќта меѓу 7 и 8 ноември градот е ослободен.На олтарот на слободата на нашиот град останаа на вечна стража 40-тина храбри борци а повеќе од шеесеттина борци беа ранети. Кон нивното дело, сите ние, треба да се однесуваме со почит и респект. Нивните животи згаснаа во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор на 7-ми Ноември 1944 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close