(ФОТО) 9 награди за каратистите од КК „Чоле“ на Меѓународниот карате турнир „Тетово опен“

На 13 тиот по ред  Меѓународниот карате турнир „Тетово опен“ во организација на КК Фати од Гостивар и Тетово, каратистите од Карате Клубот „Чоле“, освоија 9 награди. Во многу силна конкуренција од над 600 натпреварувачи, борејќи се со своите врсници од Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Белгија, младите охриѓанчиња се покажаа повеќе од успешни.

Марина Петреска го освои првото место во ката 2008 и прво место помлади кадети. Мартина беше втора во борба до 35 килограми.

Тамара Чолеска го освои второто место во борби 2009  до 35 кг.

Јоана Костоска трета во борби 2008 до 32 кг. Трета во кати 2008 год.

Мартина Костоска трета во ката 2009.

Никола Ристески трето место во ката 2010.

Екипно девојчињата од КК „Чоле“ во ката 2009 го освоија третото место.

фото: КК „Чоле“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close