Казни од 4.000 евра за работодавците кои нема да исплатат К 15

Вработените во приватниот сектор, до крајот на годината ќе добијат регрес за годишен одмор попознат како К-15 во износ од минимални 9.610 денари. Последниот рок за исплата на тие средства е 31 декември, а оние кои нема да ги дадат ризикуваат да бидат казнети со парична казна до 4000 евра. За таквите случаи законодавецот предвидел и санкција до една година затвор. Овие казни се и за работодавците кои ќе поделат К-15, а потоа од работниците ќе бараат да им ги вратат парите.

К-15 почнува да се исплатува од јуни секоја година, а според Општиот колективен договор за стопанството, минималната сума се пресметува како 40 проценти од објавената просечна плата во последните три месеци пред исплатата.  Лимитирана е и максималната сума, а до неа се доаѓа на истиот начин, но од бруто платата. Минималната плата во државата според која се пресметува регресот секој месец по малку расте, па подоцнежната исплата на К-15 и чекањето на крајниот рок, за работодавците значи и поголем трошок.

Инаку минатата година Владата преку Државниот пазарен инспекторат ги засили контролите за К15. Се очекува таква препорака за даде и за оваа година. Доколку во одредена компанија се открие дека К15 не е исплатен, првата мерка е компанијата да се задолжи тоа да го стори најдоцна во рок од 15 дена. Инспекторот по тој рок повторно прави контрола дали парите се исплатени, и ако фирмата тоа не го направила, следува казна.

фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close