Се воведува ред во возењето електрични тротинети, еве ги казните…

Измените во Законот за безбедност во сообраќајот предвидуваат ограничување на движењето на електричните тротинети. Тротинетите ќе можат да се движат по велосипедски патеки, а во случај да нема одбележани патеки ќе можат да се двужат и по тротоар.

Движењето на улица ќе се смета за прекршок и ќе се казнува со 80 евра.

Брзината со коа се вози тротинет на велосипедска патека не смее да надмине 25 километри на час, на тротоар и пешачка зона максимумот е само 6 километри на час. Казната за пречекорување на брзината е 120 евра.

Возачот на тротинет треба има наполнето 14 години и не смее да превезува други лица. Прекршувањето на овие одредби ќе се казнува со 50 евра.

Задолжително ќе биде носењето на заштитна кацига на главата како и жолт флуросцентен елек во вечерните часови или при појава на магла. Тротинетот треба да биде осветлен од предната и задната страна со бело односно црвено светло. Секој што ќе биде фатен без опрема ќе биде казнет со 50 евра.

Фото: Архива

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close