Како да ја намалите желбата за чоколадо

Колку пати ви се има случено во текот на денот да јадете здраво, но навечер да ви се појави неконтролирана желба за чоколадо? Зголемениот стрес и недоволното спиење можат да ја засилат желбата по слатка или мрсна храна, а тоа што организмот ви бара одредена намирница – чоколадо, може да биде знак за недостаток на магнезиум.

Овој важен минерал има клучна улога во повеќе од 300 ензимски реакции во телото во текот на денот, а истражувањата покажуваат дека магнезиумот може да помогне добро да се наспиете, ги намалува болките, уморот, спречува промени во расположението и појава на мигрени.

Според докторката Даша Филдер, магнезиумот треба да се внесува дополнително со оглед на фактот што не се создава природно во телото. Важно е жените да внесуваат меѓу 300 и 320 милиграми, а мажите 400 до 420 милиграми. Најидеално е да се внесува преку намирници.

„Зелениот лиснат зеленчук како спанаќот, мешунките, потоа ореви и семиња, житарки од цело зрно се најдобар извор на овој минерал. Добро е магнезиумот да се внесе наутро со појадок, за да се спречат промени во расположението“, вели докторката.

Причина поради која ви се јаде токму чоколадо е тоа што чоколадото е богато со магнезиум. Некои експерти објаснуваат зошто и на жените им се јаде чоколадо пред и во текот на менструација, бидејќи тогаш магнезиумот во телото е на најниско ниво.

Намирници богати со магнезиум: банани, спанаќ, кељ, зелка, марула, банани, авокадо, какао, ореви, бадеми, индиски орев, бразилски орев и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close