(ФОТО) Во Америка поладно и од Антартикот, температурите ќе се спуштат до -53 степени

Делови од САД до крајот на неделата ќе бидат зафатени од студен бран кој ќе ги спушти темпеатурите и до -53 степени.

Најладно се очекува да биде во среда, а Чикаго ќе биде поладен и од Антартикот, велат од Би-Би-Си.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи.

Илјадници училишта се затворени, главно на северозападот на САД.

Во врска со ова се огласи и претседателот Доналд Трамп на Твитер.

„На Средниот запад температурите достигнуваат и до -60 степени. Луѓето не можат да издржат надвор ни неколку минути. Што се случува со Глобалното Затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш“, напиша Трамп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close