(ВИДЕО) Локалната да го отвори пешачкиот пред „Охридска“ за да не паднат жртви

Власта да се повлече во војната пред да предизвика жртви !

Локалната самоуправа треба веднаш да се повлече од војната која ја води со граѓаните и да го врати пешачкиот премин пред „Охридска Банка“ затоа што оваа војна стана опасна како за граѓаните така и за најмладите.

На видео снимката која стигна до нас, се гледаат две мали девојчиња кои се довикуваат од едниот и другиот тротоар, едното девојче се провлекува низ металната бариера, трча до пешачкиот остров и потоа го претрчува и другиот дел од коловозот за да стигне кај другарката.

Напоменуваме дека додека тоа се случува, на улицата поминува полициско службено возило кое не реагира.

Локалната власт треба веднаш да го прекине овој своевиден бој кој го води со граѓаните, да се откаже од ова сообраќајно решение предложено од Зоран Шикалоски и да го врати просторот во претходна состојба пред да предизвика некој од никој непосакувани трагедии и несакани последици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close