Георгиевски: Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе биде долг процес

„Правосилни решенија за уривање на дивоградби во Охрид нема многу. Затоа динамиката не е многу голема во рушењето како што очекуваше јавноста“, вели првиот човек на Охрид градоначалникот Константин Георгиески.

На прашањето дали е точно дека има 36 куќи и две згради дивоградби на улицата Коста Абраш кои се дивоградби, градоначалникот кажа дека не е запознаен со таква бројка и дека тој го знае регистарот на дивоградби, но како што кажа, не седнал куќа по куќа да ги гледа посебно.

Георгиески додаде дека општина Охрид не е надлежна за дивоградбите во заштитеното подрчје, за нив како што кажа надлежно е министерството за транспорт и врски.

Но, не се само дивоградбите проблем на Охрид. Проблем локалната има и со плажите. Дел од нив работат без концесија на диво повеќе од 6-7 години. Георгиески, побара од сите надлежни институции да се вклучат во расветлување на случајот, посочувајќи дека никој во минатото не презел мерки да ги заштити интересите на градот и државата.

Инаку денеска градоначалникот Георгиески направи обиколка на повеќе локации каде се вршат градежни работи во општина Охрид.

Станува збор за проекти кои се изведуваат во овој момент во Охрид и охридско за кои што општината од својот буџет има издвоено 50 милиони денари. Станува збор за рекоснтрукција на кровови во основните училишта во с. Елшани, и Коњско, во училиштетето Христо Узунов во Охрид и Братство Единство Лескајца.

Во тек е санација на потпорен ѕид во непосредна близина на спомен куќата на Григор Прличев, потпорен ѕид во с. Елшани, поради опасност од свлчиште кое може да ги поклопи куќите.

Интензивно се работи на проектот пешачка патека  од  „Саат кулата“ во Стариот дел на Охрид до „Горна Порта“.

Овој проект се реализира преку Југозападниот плански регион.

Значајни проект кои треба да започнат на почетокот од следната година Георгиески ги посочи изградба на канализациона мрежа во Лескоец и Рача, кои ќе се санираат со тендер вреден 3 милиони денари.

Извор: Телма ТВ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close