Георгиески: Дел од Охридските плажи работат без концесија повеќе од 6 години

Охрид има проблем со плажите. Денеска градоначалникот јавно проговори и за оваа мака на локалната.  Имено како што кажа првиот човек на Охрид дел од нив работат без концесија на диво повеќе од 6-7 години. Георгиески, побара од сите надлежни институции да се вклучат во расветлување на случајот, посочувајќи дека никој во минатото не превзел мерки да ги заштити интересите на градот и државата.

  • Во однос на сите тие плажи коиштo периодот наназад стопанисувале во Општина Охрид има податоци од кои јас самиот се изненадив. Има плажи кои години наназад функционираат, меѓутоа нивните договори не се обновени од 2012, 2013 години, добри 6-7 години тие работат на диво и никој таму не постапил да ги заштити интересите на општината. Не е само општината туку и на пазарната инспекција, трудовата, УЈП, така што мора да има во однос на плажите еден координиран заеднички пристап во решавање на проблемот, истакна Георгиески.

Како пример градоначалникот ја посочи плажата бр 5 или плажата „Немо Горица“. Градоначалникот кажа, дека  важноста на договорот на некогашниот концесионер завршил  на 10.7.2012, кога му било доставено решение за раскинување на договорот. Во меѓу време, вели Георгиески, земјиштето било вратено на приватно лице поради што плажата не може да биде предмет на издавање. Но, за жал сведоци сме, вели Георгиески дека таа плажа сите изминати години работи.

Георгиески додаде дека во Охрид има проблеми кои се таложеле со години, поради што граѓаните не може да очекуваат истите  да се решат за неколку месеци колку што тој е на  функцијата.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close