Мицкоски: На предвремените парламентарни избори ќе победи обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа

Интегрална изјава на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба.

  • Имавме плодна и квалитетна дебата во првиот дел ги реафирмираа сите учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ.
    Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано од страна на претседателот на државата.
    Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто го доживеа владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
    Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период .
    Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство, истакна Мицкоски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close