ОК ВМРО ДПМНЕ на средби со граѓаните, започнаа подготовките за предвремени парламентарни избори

Двете најголеми партии започнаа кампањи кои многумина ги протолкуваа како неофицијален старт на предизборна кампања. Повеќе е од јасно е дека и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за предвремени избори.  За таа цел ВМРО-ДПМНЕ формираше тим од 16 стручни соработници за победа на следните избори, како што рече опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на прес-конференција. Во тимот на Мицкоски се двајцата поранешни претседателски кандидати на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова и Сашко Кедев, оперскиот пејач Игор Дурловски, репрезентативниот голман Борко Ристовски.  Мицкоски вели дека списокот е отворен, а партијата подготвена да го прифати секој кој сака да се вложи во обновата на Македонија.

И ОК на ВМРО ДПМНе од синоќа започна со подготовки за предвремени парламентарни избори.

„Местото на партијата е меѓу народот во непосреден контакт со граѓаните, па во рамките на ,,Разговори за обнова на Македонија“ денеска на отворено ОК имаше средба со жителите на Пештани коишто немаат никаква доверба во Власта предводена од Зоран Заев која владее со лаги и измами. Пештанци живеат во несигурност, револт и многу нерешени проблеми.

Крајот на криминално-рекетарската власт е јасен и доаѓа Обнова на Македонија, стои напишано на официјалната Фејсбук страна на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

 

Местото на партијата е меѓу народот во непосреден контакт со граѓаните, па во рамките на ,,Разговори за обнова на…

Posted by О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД (официјална страна) on Sunday, October 20, 2019

„Општинскиот Комитет е меѓу граѓаните на средби со месните заедници во рамките на ,,Разговори за обнова на Македонија”. Средба и разговор на отворено со жителите на Коњско за нивните проблеми, идеи, предлози и решенија. Незадоволството од Власта е огромно и пораката е јасна дека се потребни предвремени парламентарни избори за Обнова на Македонија, напиша на Својот Фејсбук профил Д-р Кирил Пецаков, член на извршниот комнитет на ВМРО ДПМНЕ.

Општинскиот Комитет е меѓу граѓаните на средби со месните заедници во рамките на ,,Разговори за обнова на Македонија”….

Posted by Д-р Кирил Пецаков on Sunday, October 20, 2019

 

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close