ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: За национално предавство простување нема, а народот ќе ви пресуди!

Денес, СДСМ без нималку совест ги повикува стружани да дадат придонес за подобро утре и ја бараат нивната поддршка.

Но, за што, придонес и поддршка?

За вашето гордо поведување на Република Македонија кон пропаст?!

За националното предавство и обезличување на Македонецот, за губењето на нашиот идентитет, за погазувањето  на достоинството на граѓаните? За тоа ли ја барате поддршката од стружани? Колку датуми ќе поминат, а вие да сфатите дека ја обезличивте Република Македонија, го посрамотивте македонскиот народ и упорно тонете во вашите лаги, а ни датум добивме, ниту ќе го добиеме, беше истакнато на прес конференцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

До гуша сте преплавени во криминал и корупција, и тоа од прв до последен во вашата влада. За што барате поддршка, за рекетираните, за угнетените, за понижените граѓани или пак, за истрауматизираните невакцинирани првачиња , на кои не им беше дозволено да влезат во училишните клупи?!

Господа, за сево ова ќе одговарате!

За национално предавство простување нема, а народот ќе ви пресуди!

Единствено што направивте е тоа, што ни го зацврстивте единството и желбата за спас на Република Македонија. Борбата нема да запре, ќе и го  вратиме достоинството на нашата татковина! Зошто ВМРО-ДПМНЕ е народот, а тој е секогаш на браникот на татковината.

А вашиот прав пат е СЛЕПА УЛИЦА!

Од своето постоење, па досега, Македонија никогаш не била на толку погрешен и понеизвесен пат како сега и токму затоа, единствен излез за вас е ОСТАВКА, сега и веднаш!

Следува Обнова на Македонија затоа што сите ние заслужуваме подобра иднина, затоа што сакаме Република Македонија да биде напредна и просперитетна, беше истакнато на прес конференцијата од ОК ВМРО ДПМНЕ Струга.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close