СДСМ Охрид: Го реализиравме ветувањето за Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“

Советот на општина Охрид конечно даде зелено светло за одлуката за поделба на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

Советниците едногласно ја изгласаа одлуката , дури 18 од нив гласаа „ЗA“. Со ова отворен е патот  на новото Државно Јавно претпријатие „Колекторски систем“за кусо време да профункционира со полн капацитет. Од друга страна со тоа ќе започне новата ера во заштитата на македонскиот бисер, нашето Охридско Езеро.

Согласно договорениот План за поделба, содружниците на МЈП „Проаква“ одлучија да го поделат претпријатието на три дела, при што, од двата дела ќе бидат  формирани  посебни јавни претпријатија Јавно Претпријатие  „Водовод“ -Охрид и Јавно Претпријатие  „Водовод и канализација“ – Струга, а третиот дел ќе биде преземен од страна на ЈП „Колекторски систем“-Скопје, во согласност со Спогодбата за присоединување склучена помеѓу МЈП „Проаква“ Струга и ЈП „Колекторски систем“ Скопје.

Вака предвидената поделба е иницирана од согледувањата дека МЈП „Проаква“ Струга  обавува дејности кои по својата суштина се некомпатибилни, што доведува до нееднакво генерирање на приходи, а оттаму и проблеми во развојот. Се смета дека новите субјекти што ќе настанат во постапката на поделба како и делот кој по извршената поделба ќе се припои, ќе продолжат независно и многу поуспешно да се развиваат, да работат и функционираат успешно.

Почитувани,

 Со ова СДСМ како државотворна партија уште еднаш покажа дека за нас  ЗБОРОТ Е ЗБОР!

 Предизборните ветувања и она за што постојано се залагавме – Грижата за Езерото да ни е прироитет , сега со оваа одлука веќе  отвора нов пат.

ЈП „Колекторски систем“ од Владата неодамна со ребалансот на Буџетот доби наменски за обнова и доградба на колекторскиот систем 183 милиони денари.

Се чини во последен час се избегнува колапсот  на колекторскиот систем  и дека во блиска иднина хавариите и излевањето на Колекторот во Езерото ќе бидат минато.

Одлуката за раздвојување на ПРОАКВА и формирањето на новото Државно ЈП значат и растоварување на оппштина Охрид од долговите. Така, долгот на општината во месец јануари годинава беше преку една милијарда и 600 милиони денари, а сега реални 350 милиони денари долг.

Конечно, благодарение на преземањата на Владата и СДСМ Охрид ќе може да здивне а Буџетот на општината да биде развоен.

Но, денешните кренати раце „ЗА“ од страна на опизијата во Советот на општина Охрид предводена од советниците на ВМРО ДПМНЕ е крајно лицемерен потег.

Наместо да се засрамат што над една деценија речиси не сторија ништо состојбите за заштита на Охридското Езеро да се подбрат и на локално и уште повеќе на државно ниво да бараат решение на проблемите, тие денеска во Советот, на очиглед на јавноста  се обидоа со своите дискусии дури да поентираат.

Но за среќа нивните дискусии и зашеќерени обланди  на граѓаните им се познати.

Вагата за точно мерење превагна кон СДСМ и кон посветеноста на луѓето кои си го сакаат градот и Езерото, кое како природна реткост не ни припаѓа само нас , туку и на сите жители на државата и секако на сиот цивилизиран свет.

За потсетување, по речиси четири децении од почетокот на неговата изградба, Владата го презема колекторот за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.

На над децениската негрижа и големата урбанизација во изминатите десетина години, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, предизвикаа колапс на Охридското крајбрежје и закана Охрид да биде отстранет од листата на УНЕСКО на заштитено светско наследство.

Сепак, одлично е што денеска и  Општина Охрид и сите надлежни институции прават се’ Охрид и Охридскиот регион да останат на листата на УНЕСКО

И колекторот, всушност е дел од исполнувањето на препораките на УНЕСКО.

Одиме натаму и ние од СДСМ ќе сториме се’ заштитата на нашето Езеро и натаму да ние врвен приоритет.

На прав пат сме!

Центар за комуникации
ОО СДСМ Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close