Продолжува акцијата за уривање дивоградби со платформата кај „Ликвид“

Со полициска асистенција утрово продолжи акцијата за уривање на дивоизградената платформа на кафетеријата „Ликвид“ во стариот дел на Охрид.

Уривањето на платформата беше одложено неколку пати, заради тоа што сопствениците го затворале објектот, а пристапот до терасата е можен или од влезот или по воден пат.

Како што можеше да се види на терен, екипите за уривање утрово до објектот стигнале по воден пат, а акцијата започнала во 6 часот утрово.

Поголем дел од сопствениците на угостителски објекти во овој дел на Охрид покажаа свест и одговорно однесување и сами ги отстранија дивоизградените платформи, но за жал има и вакви случаи во кои мора државата да интервенира и да го заштити езерото и имотот на државата, т.е. на граѓаните од нелегална експлоатација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close