(ВИДЕО) Фатен напаѓачот кој ограби златари, тој претходно нападнал таксист и со пиштол влегол во кафетерија во центарот на Охрид

Напаѓачот кој попладнево изврши низа кривични дела совладан од Охридската полиција, по брканица по Охридската чаршија. Имено како што објави Охрид 1, напаѓачот кој покрај тоа што ограбил две златари, претходно нападнал таксист. Тој повикал такси да го земе од Вилата во Горно Коњско каде бил сместен и побарал да биде пренесен до центар. При тоа го нападнал и таксистот со пиштол и нож, но за среќа таксистот успеал да го запре возилото во близина на Охридската Гимназија и да избега, по што напаѓачот продолжил кон Охридската чаршија каде ги извршил кражбите во Златарите.

По грабежите тој се упатил во кафетерија во Охридската чаршија и со пиштолот почнал да замафнува по што сам си го вперил пиштолот во грлото. Гостите панично го напуштиле објектот, по што и напаѓачот излегол од објектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close