А1ОН: Охрискиот инспектор Новица Шуменковски, незаконски дозволил отворање мртовечница

Инспекторот од Охрид, Новица Шуменковски, како вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал незаконско решение за мртовечница, дознава „А1он“. Станува збор за истиот инспектор за кој „А1он“ веќе објави дека неовластено уништувал храна и пијалаци во речиси истиот период кога издал и решение за мртовечница. Шуменковски во јули 2017 година потпишал дека приватната фирма ТДПТУ „Мирен сон“ – Охрид ги исполнила условите за вршење погребални услуги со мртовечница – мортална комора за одржување од 0 до 4 степени и мртовечница – мортална минусна комора за замрзнување од 0 до минус 20 степени иако од Министерството за транспорт и врски велат дека мртовечница, според важечките закони, може да има само управителот на гробиштата. Следејќи го патот на решението, „А1он“ се обрати во Министерството за транспорт и врски, кое ги издава дозволите на операторите што нудат погребални услуги, како и на управителите на гробиштата што имаат обврска за мртовечница. Издаденото решение го нема во архивата на Министерството за транспорт и врски, објави А1ОН.

Текстот во целот на: А1ОН

Фото: А1ОН

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close