14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет,ждрепката помина …

Денес во просториите на ЈП Билјанини Извори пред присутните претставници на сите 14 екипи пријавени за 7-мо Ноемврискиот турнир во баскет 3×3 се одржа ждрепка за двете групи согласно договорениот формат на турнирот. Двете групи се состојат со по седум екипи и тоа : Група А – Мт Интернационал, Кентерс, Ликвид, Органска Буковка, Дентал Медика, Коста 2 и Нова Ривиера. Група Б – Алпојо, Аквариус, Леарница, Коста 1, Грини, НОА и Попаџонс Лихнида.
Натпреварите по групи се играат по принцип секој со секого додека најдобрите четири екипи од секоја група понатаму се вкрстуваат се до финалниот натпревар.
Првото и второто коло е закажано за во недела 20 октомври со почеток од 19 часот, натпреварите се играат во спортската сала “Билјанини Извори”.
ЈП Билјанини Извори ги покануваат сите љубители на кошарката, спортот, рекреацијата да дојдат и заедно со екипите и нас како организатори да ги проследат натпреварите од вториот по ред турнир во Баскет 3×3 кој се организира по повод претстојниот празник 7 – ми Ноември денот на ослободувањето на Охрид. Влезот е слободен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close