(ФОТО) Охридско секојдневие – чопор кучиња по Охридските улици

Охрид никако да изнајде начин за решавање на проблемот со кучињата скитници. Граѓаните реагираат, надлежните си ќутат. Ова е секојднавната слика на градските улици и тоа во централното градско подрачје.

И покрај најавите дека Охрид конечно доби стационар за згрижување на кучиња бездомници, во месноста “Маутцкер” на влезот во Охрид, сепак истиот се чини никако да почне да функционира. Стационарот е адаптиран поранешен објект на АРМ за оваа намена.

Директорот на ЈП Охридски Комуналец неодамна изјави дека стационарот е изграден, дека се набавени две возила за транспорт на животните и дека е вработен и еден шинтер. Според него во објектот има услови за третман на 30 кучиња бездомници.

Но проблемот во Охрид според градските валсти е тоа што со возила од други градови се носат кучиња скитиници и се оставаат на охридските улици. Тие пак барајќи храна остануваат да си бранат одредена територија.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close