Заменик министерот Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот поднесува оставка по скандалот кој го објавија медиумите.  Имено на видео снимка се гледа како министерот фатен во корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.

„Ова е стапица со која сакаат да ми ја нарушат професионалната и приватна фигура“, истакна меѓудругото Муса на денешната прес конференција.

Снимката е направена од екипа на албанската телевизија Топ Чанел ИН7, а објавена во популарната емисија „Фикс Фате“. Имено, новинар од телевизија се претставува како пациент и се договара со Муса, кој наводно бара мито од 1000 евра.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close