(ФОТО) Што треба да се стави за пешаците да не поминуваат таму каде што е забрането?

Неодамна пешачкиот премин на булевар „Туристичка“, кај Охридска банка беше ограден со пластични препреки. Ова следуваше  откако граѓаните не ја почитуваа одлуката на локалната и продолжија да го користат овој премин иако беше прецртан.

Но, деновиве сме сведоци дека ни пластичните препреки не се проблем за охриѓани, тие најпрво ги скршија па дел отстранија се со цел да продолжат по својата маршута.

Инаку неодамна од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид информираа дека поради гужвата која се создава на овој потег после кружниот тек одлучиле да биде укинат овој премин, а пешаците да го користат пешачкиот наспроти пазарот на речиси 100 метри оддалеченост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close