(ВИДЕО) Заменик министерот за здравство снимен како прима мито

Екипата на познатата емисија Фикс фаре на албанската ТВ станица Toп ченел Ин7 го сними македонскиот заменик министер за здравство Асим Муса како прима мито од пациент од Албанија за да му заврши работа за операција во болница во Струга.

Од она што може да се види на снимката Муса се пазари со новинарот, кој се преставува како пациент, барајќи му 1.000 евра, а потоа како аванс прима 50 евра.

По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close