Дали бизнисмените ја корумпираат „Комисија за сечење дрва“ ? !

Има ли корупција во одлуките на т.н. „Комисија за сечење дрва“ или членовите на истата се среќни ако им исполнат идиотски желби на локалните бизнисмени ? !

Деновиве јавноста во Охрид повторно е запрепастена од сечењето суви но и здрави дрва пред хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид.

Исечени се неколку бора, по претходно барање на хотелот бидејќи истите биле суви и штетени, но покрај сувите се исечени и здрави, зелени борови со големи крошни.

Сето ова не потсети на оној настан од 6 јули 2017 година кога во раните утрински часови се исекоа целосно здрави борови на плоштадот пред терасата која ја има поставено угостителскиот објект „Летница“ со претходно уредно добиени дозволи од оваа иста комисија.

На сликата подолу се гледаат дрвата исечени пред „Летница“ кои беа здрави и се исекоа со одлука на истата комисија. Граѓаните тогаш бурно реагираа ( дури и јавно колнеа ), а иако се гледа дека комисијата дозволила сечење здрави дрва, не е отворена истрага за никој во таа комисија. (во прилог сликата подолу )

И тогаш јавноста се згрози од тоа што јасно се гледаше дека се исечени здрави борови.

Интересно е да се погледнат боровите пред хотелите „Ривиера“ и „Ројал“ кои за среќа не се исечени, но се искастрени од страната на хотелите и речиси да немаат гранки кон објектите.

Неофицијално сопствениците средиле преку комисијата да се кастрат овие гранки, за да не им паѓаат иглички на терасите кои пак се комплетни дивоградби.

Сите овие примери го отвораат прашањето:

ДАЛИ КОМИСИЈАТА Е ПОДМИТЕНА И НОСИ ОДЛУКИ ДА СЕ СЕЧАТ ЗДРАВИ ДРВА КОГА ТОА ЌЕ ГО ПОБАРААТ ЛОКАЛНИ БИЗНИСМЕНИ ?

Здраво дрва исечени пред „Летница“

Ако носи такви одлуки ( а цел град знае дека такви одлуки носи ) тогаш се поставувааѕ прашањата:

Какви мотиви имаат членовите на комисијата да носат вакви одлуки по желба на бизнисмените и против здравиот разум ?

Дали бизнисмените ја потплатуваат комисијата и членовите на истата примаат РУШВЕТ за да сечат здрави борови ?

Органите на прогонот иако и претходно „Охрид1“ го отвори ова прашање, до сега не ја проверија работата и сомнежите за поткуп во работата на оваа комисија чиј состав се менува низ годините.

Ако во светот бизнисмените, а не политичарите се носители на развојот и напредокот на едно општество, во Охрид тоа не е така.

Во светот бизнисмените градат објекти со зелени фасади, згради кои се прекриени со зеленило, инвестираат во иновации кои ја штитат околината ,а примат им е спој на екологијата и технологијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close