Владата со 183 милиони денари ќе го санира колекторскиот систем

Владата обезбеди 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, кој се наоѓа во многу лоша состојба. Тој сега работи само со 20 отсто од неговиот оптимален капацитет.

„Со санацијата ќе се започне наскоро. Средстава ќе се искористат за решавање на проблемот со шахтите кои се прелеваат, чистење на цевководот и за замена на редукторските системи во пумпните станици по целата должина на колекторскиот систем, кој сега работи со значително намален капацитет поради дотраеност“, изјави директорот на новоформираното претпријатие „Колекторски систем” Владимир Алексијоски.

 Новото претпријатие, чие седиште ќе биде во Скопје, а ќе има подружници во Охрид и Струга, ќе ги преземе сите шеесетина вработени од РЕ „Колектор”, која работеше во рамките на „Про-аква”.

Поголеми проблеми во функционирањето на колекторскиот систем се појавија пред десетина години, кога отпадните води, наместо во пречистителната станица во Враништа, почнаа да се излеваат во езерото. Со најавеите интервенции, колекторот ќе може да функционира без проблеми во наредните деценија и пол.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close