Екошпар се приклучува кон големата хуманитарна акција – Донирај за Јана и добиј камин на пелети!

Донирај за Јана и добиј камин на пелети!

Пријатели, Екошпар се приклучува кон големата хуманитарна акција за собирање средства со кои ќе се помогне лекувањето на охриѓанката Јана Арсовска.

Јана е храбра девојка која има итна потреба од имунотерапија, но наиде на пречки кај институциите кои законски се обврзани да го помогнат нејзиното лекување. Сепак, Јана не’ има сите нас и со нашата поддршка ќе успее да се справи со реткиот и опасен канцер. Екошпар одлучи да донира камин на пелети во вредност од 700 евра, на еден од вас кој ќе донира минимум 30 евра со цел на дознака За Јана Арсовска, на посебната сметка на Екошпар за оваа намена.

Сите кои ќе уплатат минимум 30 евра од 11.10 до 21.10, се потенцијални добитници на подарок камин на пелети Gemini од 8 киловати. Не само што ќе ја покажете вашата хуманост со што ќе и помогнете на Јана, туку и станувате потенцијален примател на каминот на пелети како благодарност од наша страна за вашето добро дело.

Вие донирате минимум по 30 евра (1800 денари) за Јана, а ние еден од вас на јавно извлекување го одбираме како добитник на подарокот – и сите собрани пари на сметката ќе бидат веднаш префрлени на сметката на Јана.

Преку пример, кристално да ви ја дообјасниме нашата идеја: доколку 500 луѓе од вас решат ем да се хумани, ем да имаат ретка прилика за само 30 евра да добијат одличен камин на пелети, епилогот ќе е следниот: сите ќе сте задоволни дека сте сториле добро дело, еден од вас, најсреќниот донатор, ќе добие камин на пелети, а Јана ќе добие 15.000 евра.

Со вашето добро и хумано дело ќе имате голема можност ладната зима да ја пречекате во топол дом.

Напомена: висината на донацијата е минимум 30 евра. Уплати под 30 евра нема да се земаат предвид при извлекувањето на добитникот на подарокот. Уплата над 30 евра е лична желба на секој донатор за Јана и нема да ги зголеми шансите за добивање подарок, туку само шансите на Јана за побрзо заминување на лекување.

Локацијата на јавното извлекување на добитникот на подарокот за хуманоста ќе биде дополнително најавена, а секој кој еднаш уплатил минимум 30 евра ќе учествува во ова извлекување. Дозволено е да се уплатат повеќе пати по 30 евра доколку некој сака да ги зголеми шансите за добивање на овој вреден подарок.

Сето ова го правиме заедно со вас само затоа што веруваме дека не постои поголем подарок за сите од животот на Јана и нејзината победа во оваа битка.

Се грижиме и ги движиме работите! ЗАЕДНО, ЗА ЈАНА!

Донирај за Јана и добиј камин на пелети!Пријатели, Екошпар се приклучува кон големата хуманитарна акција за собирање…

Posted by EcoSpar on Friday, October 11, 2019

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close