Акцијата за уривање дивоградби продолжува понеделник во кафе „Ликвид“

Акцијата за отстранување на дивоизградените платформи во водите на Охридско Езеро продолжува во понеделник од кафетеријата „Ликвид“ каде ќе се отстранува металната конструкција од водите на Охридско Езеро.

Екипи на ЈП Градски Гробишта во петокот билње во кафе барот каде вршеле увид на металната конструкција која ќе се отстранува во понеделник.

ИСТЕКУВААТ РОКОВИТЕ ОД 20 ДЕНА КОИ САМИ ГИ БАРАА

Следнава седмица истекуваат роковите од 20 дена кои сами ги бараа сите врз чии објекти се интервенираше од екипите за рушење дивоградби и од полицијата.

Повеќето угостителски објекти ги отстранија терасите, а помал дел од нив сеуште се обидуваат да се надмудруваат со властите.

МОРА ДА СЕ ВОСПОСТАВИ РЕД

Државата која се стреми да е правна држава и да исполни минимум стандарди на Европа во делот на функционирањето на правото мора да воспостави ред и поредок и да го сопре дивеењето.

Првенствено заради бројчаникот кој одбројува за губење на статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО, а второ, заради идните генерации ( нашите деца ) на кои треба да им остане државата.

Некои од угостителите како да не воочија дека времето на неред завршува и натаму даваат отпор и купуваат време за да ги одложат уривањата на платформите во узурпираните езерски води.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close