ОК ВМРО ДПМНЕ: 11 Октомври е трајна историска поука и аманет за сите Македонци како континуитет на нашето постоење низ времето

Честитка по повод државниот празник 11 Октомври

 

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани на Република Македонија, но и надвор од неа им го честита празникот 11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ.

11 Октомври е трајна историска поука и аманет за сите Македонци како континуитет на нашето постоење низ времето. Оруженото востание против фашистичкиот окупатор претставува историски важен момент во народноослободителна борба на македонскиот народ. Ден кој го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода. Ден повеќе од државен празник, меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ.

Пред нас стои предизвик, чесно и достоинствено да чекориме по стапките на своите дедовци и да си ги одбраниме достоинството, слободата и државата. Македонија е нашата одговорност кон нашите претци и нашите деца и сите идни генерации.

Честит 11 Октомври!

Да живее самостојна, независна Република Македонија!

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close