ОК ВМРО ДПМНЕ: Владата на СДСМ предизвкува хаос, создава проблеми и не инвестира во образованието

Владата на СДСМ предизвкува хаос, создава проблеми и не инвестира во образованието, велат од  Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ.

Дали е инвестиција тоа што повторно удривте по образованието откако со Ребалансот на Буџетот во образованието скративте 844 милиони денари?
Инвестиција ли е тоа што скративте 221 милион денари помалку за Инвестиции во образованието?
Дали е инвестиција да ги оставите учениците без книги и учебници?
Инвестиција ли е кратење средства за реконструкција на кровот во Гимназијата во Охрид каде што Ви падна таванот?
Дали е инвестиција укинувањето на Филмската академија?
Три години нереформи, кратења и создавање хаос во образованието зарем се инвестиција?

Со СДСМ нема изградба и реконструкција на основни и средни училишта, нема изградба на спортски сали во основните и средни училишта, нема изградба и реконструкција на ученички и студентски домови.
Ова ли е правиот пат и европската иднина и живот?

Не е инвестиција кога се крати од изградба на основни и средни училишта или изградба на спортски сали.
Не е инвестиција негрижата за најмладите со кратење средства за изградба и реконструкција на ученички и студентски домови.
Не е инвестиција учениците да останат без компјутери и да им се скратува бесплатниот училишен превоз.
Не е инвестиција да се крати од професионален развој на воспитно-образовниот кадар во основното и средно образование.

Со СДСМ не само што не се подобрени условите во образованието, туку и се влошени.
СДСМ не решава, туку создава проблеми.
СДСМ не се грижи, туку нанесува штета.
СДСМ мора да си оди, за образованието да тргне напред, велат од комисијата за образование и наука од ВМРО ДПМНЕ.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close