Општина Охрид реагира: Со ширењето на Вашите лажни обвинувања ни давате можност да ја запознаеме јавноста, каде се реконструирани детски игралишта во Охрид

Со ширењето на Вашите лажни обвинувања ни давате можност да ја запознаеме целата јавност, каде се реконструирани детски игралишта на територијата на Општина Охрид. Ние работиме посветено и не се фалиме со соопштенија за извршените реконструкции и санации бидејќи тоа е обврска на секоја одговорна власт и секое одговорно раководство.

Во текот на 2019 година извршени сесанации и реконструкции на детски игралишта во населбите: „Воска“, „Даљан“, „Гоце Делчев“ и „Христо Узунов“, во селото Пештани, на улицата„Јане Сандански“, кај мостот „Студенчишта“, на пешачката патека кон „Парк“, како и на детското игралиште во Градскиот парк и ОУ „Григор Прличев“. За санирање и реконструкција на детските игралишта беа ангажирани вработени од Јавните претпријатиа и беапотрошени вкупно 290.000денари.

Исто така извршена е санација на спортските игралишта во селата Долно и Горно Лакочереј за што беа потрошени 618.131 денари. Вкупно 998.186 денари беа вложени за изградба на нови детски игралишта во селата Велгошти и Подмоље и за повеќенаменското игралиште на улицата „Коста Абраш“, во населбата „Варош“. Воедно сакаме да Ве информираме дека овој месец заврши изградбата и санацијата на детското игралиште во дворот на училиштето во село Лескоец, а во тек се планирања за санација и изградба и на други детски игралишта.

Јавно Ве замолуваме, наместо да се насочувате во манипулирање на јавноста, треба вистински да бидете посветени на младинските политики и требада започнете да преземате активности за едуцирање на најмладитево насока на зачувување на јавните добра. Вашата младинска енергија, наместо за организирање и одржување напрес-конференции иширење на дезинформации, треба да ја насочите во организирање на креативни активности поврзани со детските и спортските игралишта. Секој од нас, со работа и со конкретни дела треба да покаже и докаже дека се грижи за јавните добра , кои се од корист за сите жители на територијата на Општина Охрид.

Фотографиите кои ги испраќаме во прилог докажуваат кој работи, а кој ја манипулира јавноста, се вели во реакцијата од  Одделение за односи со јавност-Општина Охрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close