Георгиески: Пролетва во Охрид електрични возила за стар град, па ќе се прават напори за катамарани на соларен погон

Во Охрид преку видеоматеријал беше презентиран катамаран на електричен погон кој веќе се користи во Хрватска и во некои други поморски земји.Чини околу половина милион евра,а со едно полнење на батериите може да плови речиси цел ден.Се напојува преку соларни панели кои се  монтирани на палубата.

Идејата им се допадна и на првите луѓе на охридската локална самоуправа.

“Уште од оваа пролет планираме  набавка на електрични возила за стар град кои ќе се планирани во буџетот на општината за 2020,a  се надевам дека за некоја следна прилика да обезбедиме  средства и за соларен брод, вели градоначалникот Константин Георгиески.

“Катамаранот се движи со брзина од  17 километри на час, а може да помине 200 километри без никакво надополнување што е повеќе од доволно за целодневна пловидба”, соопштија од компанијата  iCat,


„Еден ваков пловен објект  аквото пловило би бил особено значен за заштитено подрачје како Охрид, со оглед на тоа што нема никакви штетни последици врз животната средина“, истакна капетанот на Капетанијата на македонските пристаништа  Горан Устијаноски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close