(ВИДЕО) Граѓаните повторно си отворија пат пред Охридска Банка

Локалната самоуправа да им го врати стариот пешачки премин, да ги отстрани пластичните бариери бидејќи ни новите ( повисоките ) не успејаа да ги спречат граѓаните да ја поминуваат улицата на пешачкиот премин кој властите се обидуваат да го укинат ( правно е укинат но фактички граѓаните не го признаваат тоа во пракса ) .

Играта на нерви Локалната не може да ја добие, таа е поразена , идејата ( чива и да била ) се покажа како неостварилива во пракса и јасно е дека има две можности:

  • Локалната да изгради двометарски бетонски ѕид за физички да не е можно да се помине
  • Локалната едноставно да „капитулира“ и да се помири со судбината дека не може да победи во оваа војна со граѓаните

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close