Израелска помош за третирање на отпадни води

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески, денес, оствари средба со Уд Шани заменик претседател за продажба во компанијата „Aqwise“ и Моран Тсимчи коосновач на компанијата „Danbar“. Двете компании работат во сферата на третирањето на отпадните води.

Од страна на претставниците на компаниите беа презентирани позитивни искуства од менаџментот на отпадните води. За почеток на соработката предвидено е изработка на проект за поставување на пречистителна станица во Трпејца, а потоа предвидено е моделирање и инвестирање во колекторскиот систем.

На средбата беше договорено, двете компании да испратат консултант кој што ќе помага при подготовката на проектот за изработка на канализациона мрежа, со кој што општината треба кон крајот на мај да аплицира во ЕУ фондовите.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close